Фудбалскиот клуб Црвена Звезда и неговите навивачи од Куманово организираат бесплатен превоз за натпреваро Црвена Звезда – Зенит.
Станува збор за пријателска средба на клубовите од Белград и Санкт Петербург, а сите кои се заинтересирани да го проследат во живо ќе добијат и бесплатни билети.
– На секое дете до 15 години од Куманово кое е заинтересирано за овој настан ќе му биде обезбеден бесплатен автобуски превоз на релација Куманово – Белград – Куманово и влезница за стадион „Рајко Митиќ“ во присуство на полнолетно лице, родител, наставник, професор, спортски работник и слично, а во организација на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, велат од организацијата.
И полнолетното лице придружник ќе добие бесплатен билет, но мора да води минимум група од шест деца.
Досега, како што велат организаторите има огромен интерес и веќе се пополнети неколку автобуси, како од Куманово, така и од Тетово, Валандово и Скопје.
Најново е што од денеска може да се пријавуваат и фанови на клубот од целата држава, а крајниот рок за пријавување е до петок (23.02.2024 година).
Заинтересираните може да го контактираат лицето назначено за контакт – Емил Ташевски на бројот 075/260-080 од 10:00 до 18:00 часот.
Никола Ивановски