Авионот на Маратон Ерлајнс, авиокомпанијата која врши летови за Ер Србија, со 106 патници слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот на авионот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.
Како што јави телевизијата N1, авионот синоќа бил оштетен при полетување од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.
Според неофицијални информации, причина за инцидентот е краткиот залет што пилотот го излетал при полетување, по што немал доволно време да се одвои од пистата и да ги избегне семафорите.
Во ваква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета, а поради истекување на гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.
„Ер Србија“ соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците не била загрозена.
Evo kako je izgledao E-195 reg. OY-GDC kompanije Marathon airlines koji leti za ErSrbiju večeras posle prinudnog sletanja na BEG.😕 pic.twitter.com/crLJURHeDa
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 18, 2024