Израел планира да воспостави привремена воена администрација во Газа

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израел размислува за формирање привремена воена администрација во Газа по војната против Хамас, која би била одговорна и за хуманитарни прашања, пишува денеска весникот „Маарив“.

Во подоцнежна фаза, меѓународна коалиција на арапски земји, во која би биле Саудиска Арабија, Египет, Мароко, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, се планира да ја преземе администрацијата на Газа.

Коалицијата ќе биде дел од договорот за регионална нормализација и ќе формира нова палестинска управа, составена од луѓе кои не се поврзани ниту со Хамас ниту со Фатах.

Во следната фаза, воената влада целосно би била заменета со палестинската.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Газа: Најмалку 74 убиени во израелски напад врз кафуле и луѓе што бараат храна

Планот предвидува уште една фаза, по стабилизацијата на Појасот Газа и формирањето нова влада.

Во таа фаза, ќе се реформира Палестинската управа, која сега контролира делови од другата палестинска територија на окупираниот Западен Брег, со акцент на отстранување на поттикнувањето тероризам во образованиот систем и одвраќање на тероризмот кај палестинското население.

Доколку сите овие фази се успешно завршени во рок од четири години, Израел би се согласил да ја признае демилитаризираната палестинска држава на територијата на палестинската управа.

Планот, наводно, бил создаден во соработка со бизнисмени, вклучително и блиски соработници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и претставен на американските власти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека крајот на војната во Газа е близу: Во вчерашниот напад убиени најмалку 100 луѓе

Таа идеја се разгледува заедно со многу други можни планови за односите на Израел со Газа ден по војната.