Оваа година се одржа четвртиот по ред интернационален мемориал Милош Петровиќ за млади пијанисти од 25-ти до 27-ми март на кој учесво земаа тројца ученици од Основно музичко училиште „Панче Пешев“, а истиот се одржа во Јагодина, Република Србија.
Под менторство на професорката м-р Сандра Зојчевска тие се натпреваруваа во категоријата пијано соло и ги освоија најдобрите места. Првата награда во а категорија пијано со 94 поени замина во рацете на Емира Мислиу, додека втората награда во Б категорија пијано со 88 поени замина кај Марко Насковски и Едита Муслиу со 86 бода.
Учениците се претставија со делата на Бах, Моцарт, Бетовен, Шуберт и Менделсон, тежок материјал и јака конкуренција, но својот труд го закитиај со заслужени награди. Сречна и задоволна сум од успехот на моите ученици, бидејќи тоа е и мој успех. – вели нивниот ментор м-р Сандра Зојчевска.
Како што истакна Зојчевска, со овој натпревар само е отворена натпреварувачката сезона, а следа уште многу натпревари каде се надеваат на многу награди.