Привремениот пакистански премиер го напушта Давос поради тензиите со Иран

Сподели со своите пријатели

Привремениот пакистански премиер Анвар-ул-Хак Какар ќе ја прекине посетата на Светскиот економски форум во Давос поради зголемените тензии со Иран.

Loading...

Министерството за надворешни работи на таа земја соопшти дека воздушните напади на пакистанските сили на територијата на Иран се оправдани бидејќи биле преземени „во светло на веродостојни разузнавачки информации за претстојните големи терористички активности“, пренесува Гардијан.

„Пакистан целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран. Единствената цел на денешниот чин беше да се грижи за сопствената безбедност и националниот интерес на Пакистан, што е најважно и не може да биде загрозено“, се вели во соопштението.

Се додава дека Пакистан до иранските служби испратил неколку досиеја со конкретни докази за присуство и активности на терористи од пакистанско потекло на територијата на Иран.

„Во текот на изминатите неколку години, во нашите ангажмани со Иран, Пакистан постојано споделуваше сериозна загриженост за безбедните засолништа каде терористите од пакистанско потекло кои себеси се нарекуваат „Сармачари“ се наоѓаат во нерегулирани области во Иран“, се вели во соопштението.

Претходно пакистанското Министерство за надворешни работи објави дека Пакистан извршил серија „високо координирани“ воени напади во иранската провинција Систан и Белучистан, два дена откако Иран извршил напади на пакистанска територија.

Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле село во провинцијата Систан и Белучистан, при што загинале три жени и четири деца.