Во Бугарија ќе има голема база на НАТО вредна 6 милијарди евра, пристигнуваат 5.000 војници

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во Бугарија ќе се гради инфраструктура вредна шест милијарди евра за НАТО и цивилни цели, изјави министерот за одбрана Тодор Тагарев.

Тој за bTV изјави дека станува збор за патишта, железници, нафтоводи, магацини и сместувачки капацитети, јавува Бугарското радио и наведува дека Алијансата ќе распореди мултинационални борбени групи на бригади од вкупно 5.000 луѓе од САД, Италија и уште пет други соседни земји во Бугарија.

Тагарев, кој се врати од посетата на Америка, рече дека ги обиколил фабриките каде што се склопуваат седум од првите осум нарачани борбени авиони Ф-16, додавајќи дека тестовите се очекува да започнат наесен и дека првите ќе бидат испорачани на почетокот 2025.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендирана премиерката на Тајланд по само 10 месеци власт

Набргу по нив ќе бидат испорачани првите оклопни возила „Страјкер“, рече Тагарев.