Израелска водителка се појави со пиштол во телевизиското студио (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Израелската водителка и модел Натали Дадон се појави во телевизиското студио со пиштол на појасот и предизвика бурни реакции.

Loading...

Таа ја сподели фотографијата на социјалните мрежи, а набрзо следеа коментари.

„По кој основ добивте дозвола за носење оружје?“, „Знам дека сте свесни колку е ова патетично“, се некои од нив.

Едно лице верува дека ова е доказ за насоката по која оди Израел кога секој може да добие оружје и дека сето тоа е овозможено од министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир.

Натали потоа напиша во коментарите дека се работи за воден пиштол.

Како што претходно објави Anadolu Agency, Бен Гвир вооружува цивили. Тој ги повика и жените да се вооружат.

„Од почетокот на војната, формиравме 496 резервни единици низ целата земја, ќе продолжиме да ги вооружуваме граѓаните и ќе формираме вооружена резервна единица. Оружјето спасува животи“, напиша тој претходно на X.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataly Dadon (@natalydadon)