Висок функционер на Хутите ги повика Америка и Британија да се повлечат од Црвеното Море

Сподели со своите пријатели

Мухамед Али ал-Хути, шеф на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, ги повика Американците и Британците „да се вратат во својата земја“ и да се фокусираат на решавање на проблемот со расизмот, а не на заштита на израелските бродови.

Loading...

Ал Хути, во говорот на големиот протест во јеменската престолнина Сана, ги критикуваше САД и Велика Британија за нивната „агресија“ и изведување воздушни напади ноќта меѓу четвртокот и петокот, јавува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.

Тој, исто така, ги советуваше овие западни земји да го послушаат неодамнешното предупредување на лидерот на движењето Хути, Абдул-Малик ал-Хути, кој рече дека секој напад врз Јемен ќе наиде на силен одговор.

„Не го нападнавме американскиот брег, не стигнавме до брегот на Флорида и не ги нападнавме американските острови. Вие сте нацисти и вашите напади врз нашата земја се терористички акт“, им рече Ал Хути на американските и британските власти, негирајќи ги наводите на Вашингтон дека нападите биле извршени во самоодбрана.

Ал-Хути дополнително ги критикуваше Американците дека наводно ја загрозуваат безбедноста на пловидбата и активно работат на зголемување на цените на поморското осигурување.

Тој ја означи Америка како непријател на народот, опишувајќи ја како извор на тероризмот. Голем број луѓе се собраа во петокот во главниот град на Јемен, држејќи палестински знамиња и протестираа откако САД и Велика Британија започнаа воздушни напади врз цели на Хутите во земјата.

Демонстрантите извикуваа „Господ е голем, смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство за Евреите, победа за исламот“.