Австријка наследила 25 милиони евра, па одлучи да ги подели

Сподели со своите пријатели

Австро-германска наследничка собрала група граѓани за да одлучат како да подели голем дел од богатството што го наследила од нејзината баба.

Loading...

Марлен Енгелхорн, која има 31 година и живее во Виена, сака 50 Австријци да утврдат како ќе бидат прераспределени 25 милиони евра од нејзиното наследство, пренесува Индекс.

„Наследив богатство, а со тоа и моќ, без да направам ништо за тоа“, рече таа, а потоа додаде: „А државата не сака ни данок на тоа“.

Австрија го укина данокот на наследство во 2008 година, со што стана една од ретките европски земји што немаат данок на наследство. Енгелхорн смета дека ова е неправедно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На децата во Германија им е дозволено да пијат алкохол под родителски надзор, Германците сакаат да го забранат тоа

Нејзината баба имала милијарди.

Таа е потомок на Фридрих Енгелхорн, основач на германската хемиска и фармацевтска компанија БАСФ, а наследила милиони откако нејзината баба починала во септември 2022 година.

Богатството на Траудл Енгелхорн-Векијато американскиот магазин Форбс го процени на 4,2 милијарди долари, а уште пред да почине нејзината внука изјавила дека сака да отстапи 90 отсто од наследството.

Во средата, 10.000 покани за случајно избрани австриски граѓани почнаа да пристигнуваат во поштенските сандачиња во Австрија.

Loading...

Оние кои сакаат да учествуваат во иницијативата на Марлен Енгелхорн, позната како Советот за прераспределување, можат да се регистрираат онлајн или телефонски.

Од тој првичен примерок од 10.000 Австријци на возраст над 16 години, ќе бидат избрани 50 лица и уште 15 заменски членови, кои ќе бидат избрани во случај некој од првичните 50 да се откаже.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија - 102 смртни случаи од минатата сабота поради топлотниот бран