Јужна Кореја: Лидерот на опозицијата се опоравува на интензивна нега по нападот со нож

Сподели со своите пријатели

Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Јае-Мјунг, денеска е на интензивна нега, откако беше опериран по нападот и прободен со нож во вратот.

Нападот врз Ли, кој се случи во екот на предизборните активности, ја шокираше јавноста и јужнокорејските политички лидери, пренесува Ројтерс.

Хирурзите го оперирале Ли повеќе од два часа за да му ја санираат повредата на големиот крвен сад на вратот што напаѓачот ја пресекол со нож.

– Терористичкиот чин против претседателот на партијата, Ли Јае-мјунг, е очигледен предизвик и закана за демократијата – изјави еден од лидерите на Демократската партија, Хонг Ик-пјо на состанокот на раководниот совет на партијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Имаме експлозија на насилство во нашето општество. Сите знаеме од каде доаѓа

Тој повика на брза истрага и поефективни безбедносни мерки за политичките личности од висок профил, истакнувајќи ја важноста на безбедносните прашања за време на изборната кампања во Јужна Кореја, земја со историја на политичко насилство и покрај строгите ограничувања за поседување оружје.

Џин Јеонг-хва, поддржувач на партијата кој беше сведок на крвавиот напад, рече дека инцидентот јасно ја покажува потребата од воспоставување систем на построга, професионална безбедносна заштита за политичките лидери, бидејќи, како што рече, не е доволно само да се распореди полиција за обезбедување на настаните и политичките личности.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул повторно го осуди нападот како „чин на терор“ и го нарече „акт на непријателство кон либералната демократија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Криза во Куба: „Кога ќе се потрошат залихите од гориво, ќе има и жртви“

Осомничениот, кој на местото на настанот брзо бил совладан од сопартијци и полицајци, е роден во 1957 година и со денови бил во Бусан и го планирал нападот со ловечки нож со сечило од 18 сантиметри, потврди полицијата.