Театар Куманово доби две награди за претставата „Црвенката“ на Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“ во Штип.
На свеченоста по повод 100 години театарски живот на Штип во Центарот за култура Ацо Шопов во Штип беа врачени наградите за Фестивалот.
Претставата освои награди за најдобра режија и сценографија.
– Навистина сме горди и среќни што оваа претстава која имаше премиера пред 3 месеца и наиде на голем интерес кај публиката се закити со две награди, за најдобра режија која ја доби режисерката на претставата Бојана Краљевска Стојков и најдобра сценографија за сценографот Крсто Богојевски – изјавија од Театар Куманово.
Претставата досега е изграна 9 пати во Куманово.
Тоа е приказна за најмладата публика во која победува доброто, и навистина сме среќни кога гледаме дека секоја изведба на претставата е исполнета до последното место.
Во претставата играат Александра Михајловска Величковски, Владанка Димковска, Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ и Матеј Стојковски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска и Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ, а драматургијата е на Сашо Костовски.
Претставата повторно е на репертоар кон средината на месец јануари за најмлада публика во Куманово.