Рекордните врнежи од дожд предизвикуваат големи поплави во далечниот северен Квинсленд, а властите очекуваат тоа да биде најлошата поплава во овој австралиски регион досега, јавува Би-Би-Си.
Илјадници луѓе се евакуирани, но други остануваат заробени.
Екстремните временски услови предизвикани од тропскиот циклон предизвикаа врнежи од една година во некои области.
Сликите од регионот покажуваат авиони потонати на аеродромот во Кернс, крокодил виден среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.
Засега нема информации за загинати или исчезнати.
Интензивните врнежи се очекуваат да продолжат уште 24 часа.
Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, струјата и патиштата се исклучени, а здравата вода за пиење станува се поретка.
Премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс, изјави за австралиската радиодифузна корпорација дека оваа природна катастрофа е „најлошата што можам да ја замислам“.
Peak Aussie content here 🐊 A big crocodile has been spotted in a swollen drain in the centre of Ingham, a North Queensland town currently cut off by floodwaters. Filmed by @abcnews reporter @ChloeChomicki, who is isolated like everyone else in town. pic.twitter.com/LSg5ODkpIF
— Siobhan Heanue (@siobhanheanue) December 17, 2023