Русија планира да тестира лансирање седум интерконтинентални балистички ракети следната година, изјави командантот на руските ракетни сили Сергеј Каракаев, пренесува Ројтерс повикувајќи се на руски Интерфакс.
Според извештајот на Интерфакс, Каракаев за весникот Црвена звезда изјавил дека Москва им дава на САД најмалку 24 часа известување кога станува збор за такви лансирања и дека САД го прават истото кога го тестираат своето оружје.
Русија и САД ги поседуваат најголемите нуклеарни арсенали во светот, а Москва се проценува дека поседува околу 5.889 нуклеарни боеви глави, додека САД имаат 5.244.
По нив следат Кина, Франција и Обединетото Кралство, од кои секоја се проценува дека поседува помалку од 500 боеви глави, наведува Ројтерс.