Јапонија: Прв смртен случај од мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека денеска во таа земја е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници.

Loading...

Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.

Мајмунски сипаници е вирусна инфекција која се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани по целото тело.

Повеќето случаи се придружени со лесна клиничка слика, но оваа болест може да биде фатална.