Ова се хороскопски знаци кои најмалку се радуваат на Новата година

Сподели со своите пријатели

И додека поголемиот дел од светот со нетрпение го очекува доаѓањето на Новата година, некои луѓе не го делат истиот ентузијазам.

Loading...

Новогодишните прослави често им се стресни, па попрво би ги прескокнале и го дочекуваат јануари опкружени со своите најблиски во мирна средина.

Родените во овие пет хороскопски знаци најмалку се радуваат на големата новогодишна ноќ.

За нив идеалната прослава е помирна и поинтимна, без преголема врева и голем број луѓе.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор.

Бик

За да функционираат нормално, Биковите имаат голема потреба од стабилност и рутина во животот.

За нив новогодишната прослава со сета своја непредвидливост и промени е огромен стрес на кој воопшто не се радуваат.

Го ценат континуитетот и сè што им е познато, па идејата за нови почетоци и промени што ги носи Новата година ги прави малку нервозни.

Loading...

Девица

Родените во знакот Девица се аналитички и многу често перфекционисти, па затоа мислата за поставување новогодишни одлуки и цели честопати им е преголема за поднесување.

Девиците често чувствуваат притисок да ги исполнат високите стандарди што си ги поставуваат.

Идејата за нова година како нов почеток им става дополнителен притисок да бидат продуктивни и успешни.

Скорпија

Новата година за Скорпиите може да биде време на длабока интроспекција наместо прослава.

Луѓето родени во овој знак се повеќе фокусирани на внатрешен одраз и лична трансформација, а помалку на надворешни манифестации на славење.

Исто така, често се скептични за површната среќа и еуфоријата што ги придружува новогодишните прослави.

Јарец

Јарците се познати како практични и сериозни луѓе кои често повеќе се фокусираат на своите долгорочни цели и амбиции, а не на непосредните прослави.

Јарците ја гледаат Новата година само како уште еден ден во годината, а не како можност и причина за голема прослава.

Loading...

За време на празничната сезона, Јарците повеќе ќе се грижат за кариерата и достигнувањата отколку за славењето на претстојните празници.

Вага

Иако Вагите се социјални и сакаат забава, тие исто така се стремат кон рамнотежа и хармонија.

Новогодишните прослави за Вагите можат да бидат извор на стрес поради преголемите очекувања и потенцијалните социјални тензии.

Припадниците на овој знак претпочитаат да ја започнат годината мирно и урамнотежено, а не на места каде што има многу гужви и врева.