Почина Хуанита Кастро, сестра на поранешните кубански лидери Фидел и Раул

Сподели со своите пријатели

Хуанита Кастро, помладата сестра на поранешните кубански лидери Фидел и Раул, на кои им се спротивставуваше со децении, почина на 91-годишна возраст во Мајами, каде што живееше во егзил, соопштија извори блиски до нејзиното семејство.

Loading...

„Почина Хуанита Кастро, извонредна жена, неуморен борец за Куба што толку многу ја сакаше“, објави на Инстаграм во понеделникот вечерта Марија Антониета Колинс, која исто така беше уредник на нејзините мемоари.

Хуанита Кастро ја напушти Куба во 1964 година, по разделбата со нејзините браќа Фидел, кои починаа во Хавана во 2016 година, и Раул поради несогласувања околу насоката на Кубанската револуција во 1959 година.

Хуанита Кастро отворила аптека во Мајами и таму работела со децении.

Во мемоарите со наслов „Фидел и Раул, моите браќа, тајна историја“, таа рече дека имала потешкотии да се помири со тоа што е сестра на комунистички лидери и дека припаѓа на заедница на кубански прогонети во Флорида.

„Без сомнение, јас страдав повеќе од останатото прогонето население. За оние во Куба, јас сум дезертер затоа што отидов и го осудив режимот. За многумина во Мајами, јас сум „персона нон грата“ бидејќи сум сестра на Фидел и Раул“, напиша таа.

Според локалните медиуми во Флорида, Хуанита Касто починала од природна смрт во болница во Мајами.