Двајца Палестинци убиени на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убиле двајца Палестинци на Западниот Брег, објави израелскиот весник Хаарец, повикувајќи се на неименувани извори од здравствените служби.

Loading...

Според извештаите, едно лице е убиено во близина на градот Беитунија на Западниот брег, а друго во блискиот град Рамала, пишува Гардијан.

Израелските сили утринава дигнале во воздух и куќа во кампот Дери Амар, западно од Рамала, според палестинската ВАФА, а Ал Џезира пренесува дека станува збор за куќата на Дауд Абдел Разак Дарас, Палестинец кој Израелците го убиле во август.

За време на упадот на израелските сили во селото Деир Амар и неговиот камп, дошло до конфликт при кој војниците пукале со вистински куршуми кон Палестинците, изјавиле за агенцијата ВАФА неименувани локални извори.

Двајца млади момчиња се ранети во стапалата и се пренесени во болница.

Израелските сили убиле повеќе од 200 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на конфликтот со Хамас на 7 октомври, пишува Гардијан.