ГФК Куманово по 11 кола останува лидер во табелата

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на Куманово впишаа нова победа изминатиот викенд, откако на домашен терен го совладаа ФК Бесва Влазрими со 2:0.

Loading...

По 70 минути без голови, мразот го скрши Петре Тасевски кој го донесе првиот погодок за Куманово, за да веќе во 83та минува со гол на Александар Савиќ клубот впише нова победа.

Станува збор за 11ти натпревар оваа сезона за ГФК Куманово, кој останува лидер во табелата во Трета лига Север и клуб кој цели кон остварување на плановите следната сезона да се натпреварува во Втората фудбалска лига на Македонија.

Следниот натпревар се игра на гостински терен против екипата на ФК Кадино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Никола Ивановски