Дејвид Камерон во посета на Украина: Се сретна со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Киев.

Loading...

Камерон вети континуирана воена поддршка и промена на фокусот на Украина додека продолжува конфликтот на Блискиот Исток, пишува Гардијан.

Во видеото што го објави украинскиот претседател на социјалната мрежа Х (Твитер), Камерон рече:

„Она што сакам да го кажам со тоа што сум овде е дека ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска поддршка, но пред се воена поддршка што ви е потребна, не само оваа година и следната година, туку се додека е потребно“, рече Камерон.

Ова е прва работна посета на новиот министер за надворешни работи.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.