Според првата прелиминарна проценка, јапонската економија падна за 2,1 отсто на меѓугодишно ниво во третиот квартал, објави денеска агенцијата на Кабинетот на Јапонија – CAO.
Како што се наведува на веб-страницата на таа организација, на квартално ниво, економијата на Јапонија паднала за 0,5 отсто во однос на вториот квартал.
Пазарите очекуваа помал квартален пад од 0,1 отсто.
Како што објави британски Економист, главната причина за падот на јапонскиот БДП во третиот квартал е послабата потрошувачка на домаќинствата, како и помалите капитални инвестиции.
Претходно овој месец, јапонскиот премиер Фумио Кишида објави план за стимулирање на трошоците од 113 милијарди долари, пренесува Танјуг.
Централната банка на Јапонија (БОЈ) на крајот на октомври објави дека одлучила да ја задржи основната краткорочна каматна стапка на -0,1 отсто, а приносите на десетгодишните обврзници на околу нула отсто, објавија медиумите.
Долгорочната каматна стапка од еден процент ќе продолжи да биде лабава „горна граница“, а не ригидна граница, се вели на веб-страницата на BoJ.