Според израелското радио, израелската армија сè уште не нашла индикации дека заложниците се во болницата Ал-Шифа.
Loading...
Како што е наведено, претресите внатре во комплексот продолжуваат, пренесува Си-Ен-Ен.
Израелската армија рано утринава објави дека „спроведува прецизна и целна операција“ во Ал-Шифа, најголемата болница во Газа.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Питер Лернер изјави за Си-Ен-Ен дека операцијата во болницата била „заснована на оперативна неопходност и разузнавање“.
Израел го обвинува Хамас дека работи под структурата на болницата, обвинение што милитантната група и болничките власти го негираат, пренесува Танјуг.