Воената хунта во Габон најави избори за 2025 година

Сподели со своите пријатели

Четири месеци по соборувањето на династијата Бонго од децениското владеење во Габон богат со нафта, воената хунта на генералот Брис Олигуи Нгуема објави дека следните избори ќе се одржат во август 2025 година, пренесоа агенциите.

Loading...

„Август 2025: Избори и крај на транзицијата“, објави портпаролот на воените власти во живо на државната телевизија „Габонска Премиера“, наведувајќи дека „официјалниот распоред на транзицијата усвоен на седницата на владата“ со напомена дека тоа е „индикативна временска рамка“.

Инаку, преодната влада која беше формирана по овогодинешниот августовски пуч усвои „индикативна“ временска рамка за транзицијата која ќе биде поднесена на разгледување на националната конференција најавена за 2024 година.

Според најавите од Либревил, на Конференцијата закажана за април 2024 година, сите „витални актери“ на земјата.

Новиот премиер на Габон, Рејмонд Ндонг Сима оцени дека двегодишната транзиција пред слободните избори што ја вети новата воена администрација на западноафриканската земја е „разумна цел“.

Генералот Брис Олигуи Нгуема, кој го предводеше пучот против Али Бонга Ондимба, го назначи Ндонг Сима за шеф на преодната влада.

Али Бонга (64), кој владееше со централната африканска нација од 2009 година, беше соборен од воените лидери на 30 август, неколку моменти откако Националната изборна комисија го прогласи за победник, целосно спротивно на верувањата на војската и полицијата во земјата.