Кремљ се огласи по хаосот на аеродромот, еве кого обвинија

Сподели со своите пријатели

Руската полиција презеде аеродром во регионот на Дагестан со мнозинско муслиманско население и уапси 60 лица, откако стотици антиизраелски демонстранти упаднаа во зградата во неделата додека пристигнуваше авион од Израел, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Дваесет лица беа ранети на аеродромот пред безбедносните сили да ги задушат немирите, соопштија локалните власти.

Патниците во авионот се безбедни, соопштија припадници на безбедносните сили.

Немирите уследија по неколку други антиизраелски инциденти во последните денови во рускиот регион Северен Кавказ како одговор на израелската војна против милитантите на Хамас во Газа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги коментираше овие настани, наведувајќи дека тие во голема мера се „резултат на надворешно мешање, вклучително и влијание на информации“, пренесува РИА Новости.

„Добро е познато и очигледно дека вчерашниот настан околу аеродромот во Махачкала во голема мера е резултат на надворешно мешање, вклучително и надворешно информативно влијание“, рече Песков.

Во понеделник, рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи состанок со шефовите на агенциите за спроведување на законот, каде што ќе разговараат за „обидите на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели општеството“, потврди Песков.