„Theatre: Reimagined“ – Инсталацијата што го красеше МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

„Theatre: Reimagined“ е инсталацијата што изминатите половина месец го красеше холот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во рамките на фестивалот Денови на комедија.

Loading...

 

 

Станува збор за инсталација изработена од Давид Стојановски, Кристина Лозановска и Крсто Богојевски.

 

 

Loading...

Инсталацијата, како што велат авторите, претставува интерпретативен пристап кон театарското дело, разгледано низ призмата на неконвенционалните материи и нивниот карактер.

 

 

– Пристапот кој го иследува овој концепт е вкоренет во актуелниот проблем на современото општество-психоанализата каде што индивидуата работи и се спознава, гради и анализира себеси соочувајќи се со огледалната рефлексија на своето битие. Од друга страна пак флуидноста на мрежата како јадро на театарското дело ја отсликува манипулативноста при интеракцијата на индивидуите во единството, нивниот сооднос, нивната конекција и нивната различност, велат авторите на инсталацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

 

Никола Ивановски

Loading...