Пожар од големи размери ноќва ги остави без спиење мештаните на кумановското село Шупли Камен откако се доближи преблиску до куќите.
Loading...
Според сведоштва на мештаните и очевидци пожарот се доближил на педесетина метри од куќите, но натчовечки напори на пожарникарите и месното население спречиле катастрофа.
Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал вчера околу 17:45 часот, но во овој момент се уште е активен и пожарникарите се уште се на терен.
Во продолжение снимки кои до нашата редакција ги доставија читателите.
Инаку пожари вчера имало и во Романовце, Никуштак, Черкезе, Пчиња, населбата Карпош, Слупчане и Челопек.
Loading...
Никола Ивановски