Екипата на Вардар полесно од предвидувањата славеше победа на гостувањето во Куманово (66:50).
„Вардарки“ го најавија тоа со извонредната прва четвртина во која реализираа убедливо водство од (21:7), на полувремето беше слично (38:20).
Нешто подобро домашните кошаркарки заиграа по паузата, но не успеаја да се спуштат и на едноцифрено заостанување. По три одиграни четвртини беше (51:38) за Вардар, екипа која успеа да го задржи и да слави по втор пат од почетокот на новиот шампионат.
Славица Наков реализираше 19.поени, но имаше и осум скока и две асистенции, ја следеше Димитријевиќ, која постигна 15 поени (плус седум скока и пет додавања), Зафировска ги испрати со 10.
Во домашната екипа, Џонсон имапе 16.реализации (и седум скока), Петрушевска постигна 12, а втората Американка во нивните редови Кемп имаше двоен скор од 11 поени и 12.скока.
КФСМ