Утре изложба на „олдтајмери“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ утре ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово со почеток од 10 часот.

Loading...

Како што информираше Стефан Трендафиловиќ, организатор на настанот, возилата кои ќе бидат изложени се постари од 30 години и спаѓаат во групата олдтајмери.

– Ќе има учесници од цела Македонија, ќе гледаме што повеќе да имаме од Куманово за да се одбележи празникот „11 Октомври“. Ќе има учесници од Скопје, Велес, Свети Николе, Струмица, Кавадарци, ќе видиме уште од кои градови, изјави Трендафиловиќ.

 

 

Настанот како што појаснува тој ќе биде во два дела, од кои првиот на градскиот плоштад „Нова Југославиј“ каде од 10 до 13 часот ќе бидат изложени автомобилите.

Вториот дел ќе се одржи во паркот на Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце со пикник на љубителите на олдтајмери.

Loading...

Како што додава Трендафиловиќ, кој и самиот е сопственик на четири вакви возила, вели дека со помош од скопските клубови одлучиле да ја направат оваа изложба во чест на празникот.

Очекуваат голем интерес од граѓаните, а доколку некој поседува олдтајмер и сака да учествува дополнително може да се пријави.

Никола Ивановски