Кошаркарките на Куманово со победа против Пробаскет на гостински терен ја отворија оваа натпреварувачка сезона.
Loading...
Кумановки имаа добар старт, а резултатската предност ја задржаа до крајот на натпреварот и впишаа прва победа со резултат 51:59.
Добриот настап првенствено се должи на извонредната игра на новите странски засилувања Џезмин Џонсон, Џејн кемп и Снежана Алексиќ, потпомогнати од домашните кошаркарки.
ЖКК Куманово следниот меч го игра на домашен терен претстојниот викенд против составот на ЖКК Вардар.
Никола Ивановски