Утре ќе се одржи фестивалот „Art Attack“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фестивалот „Art attack“ утре со почеток во 19:00 часот ќе се одржи на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за фестивал кој е сплотување на неколку гранки од уметноста, во овој случај, електронската музика и филмската уметност.

Фестивалот ќе го отвори настапот на ди-џеј MAMBAQUINN во 19 часот.

Со почеток во 20 часот ќе биде емитуван македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ во кој играат и неколку актери од Куманово.

Плоштадот ќе биде соодветно осветлен и озвучен, со поставено платно за проекција на филм, како и услови за мини пик-ник додека трае филмот, на зелената површина на самата локација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ излета од автопатот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден

Поради огрничен број на седишта (lazy bags) обезбедени од страна на организаторите, секој ќе има апсолутна слобода да си постави своја черга и да си обезбеди пијалак или храна.

Имено, „Снежана на крајот умира“ е социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина.

Филмот е составен од три испреплетени приказни за три групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг.

Loading...

Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски. Сценарист и режисер на филмот е Кристијан Ристески, продуцент е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер е Горан Вуќиќ, композитори се Александар Пејовски и Ставрос Макрис, сценограф е Сашо Блажевски, костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, дизајнер на звук е Грег Малканџи, маскер е Мојца Горогранц Петрушевска, кастинг директор е Мони Дамевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово меѓу градовите со најмногу дожд вчера. Што носи викендот?

Во меѓу време, додека на Плоштадот се случува проекцијата на филмот, исто така, со почеток во 20:00 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“, во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ ќе се игра претставата „Кафез кај Кокони“ од Драмски театар – Скопје.

По завршување на проекцијата, програмата продолжува околу 22:00 часот со уште два ди-џеј сета.

„DADO K & MAMLI” ќе настапат oд 22:00 до 23:00 часот и Шалајко од 23:00 до 00:00 часот.

Никола Ивановски