ЖРК Куманово им се врати на домашните победи

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се вратија на победите во домашниот шампионат, по двата претрпени порази во ЕХФ Купот во Швајцарија.

Вчеравечер на домашен терен избраничките на тренерот Славиша Димитријески, остварија убедлива победа врз составот на ЖРК Спартак од Скопје со резултат 37:25.

Кумановки убедливо го стартуваа мечот и направија солидно водство во првиот дел од средбата која заврши со 19:12.

Со 12 реализирани погодоци брилираше Сара Цветановска, а дури 16 одбрани имаше голманката Симона Грујовска.

ЖРК Куманово засега е лидер во табелата со две победи од исто толку натпревари, колку што имаат и Ѓорче Петров, Металург и Овче Поле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Андреа и Дарио од Куманово победија на Top Model Europe Balkans во Белград

Следниот меч кумановки го играат повторно на домашен терен против составот на ЖРК Шампион во недела од 13 часот.

Никола Ивановски