Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд и услови за ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу девет степени, а дневниот максимум ќе достигне 26 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 26 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува и брзина до 50 километри на час.
Температурата ќе се движи во интервал од 12 степени во утринските часови до максимални 23 степени целзиусови во текот на денот.
Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела, дури и со пораст на дневните температури во првиот дел од седмицата.
Никола Ивановски