Јужна Кореја воведе нови санкции за Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја воведе нови санкции против Пјонгјанг, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

Loading...

Беа воведени санкции на 10 поединци и два ентитети поради нуклеарната програма на Северна Кореја и трговијата со оружје со три земји, вклучително и Русија.

Неодамна севернокорејскиот министер за одбрана Канг Сун-нам и Парк Су-ил, поранешен началник на Генералштабот на севернокорејската народна армија, се најдоа на списокот на Сеул со санкции против Пјонгјанг, објави Министерството за надворешни работи, пренесува Јонхап.

Вкупно 64 поединци и 53 агенции од Северна Кореја се додадени на списокот со санкции откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја презеде функцијата во мај минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно предупредување за Европа, зимска бура доаѓа од Арктикот!

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.