Полскиот претседател ја откажа средбата со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Средбата меѓу полскиот претседател Анджеј Дуда и неговиот украински колега Владимир Зеленски, која беше закажана за денеска, е откажана поради промена на распоредот.

Loading...

Како што јави полскиот портал „Жешчпосполита“, Дуда и Зеленски требаше да се сретнат на маргините на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.

Полскиот весник наведува дека средбата се смета за важна поради тензиите меѓу Киев и Варшава поради продолжувањето на полското ембарго за украинското жито.

На 15 септември, Европската комисија одлучи да не ги прошири ограничувањата за увоз на четири видови украински земјоделски производи во неколку погранични земји на ЕУ.

После тоа, властите во Словачка, Унгарија и Полска објавија дека еднострано ја продолжуваат забраната.

Украина одговори со поднесување жалба до Светската трговска организација против овие земји.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.