Започна постапката за уредување на малиот градски плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Постапката за уредување на таканаречениот мал градски плоштад се спроведува тековно, информираа денеска од секторот за урбанизам од општина Куманово.

Loading...

Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување пешачка зона.

– Се чека на добивање конзерваторско одобрување односно проектот за реконструкција е испратен до Националниот конзерваторски центар. Имаше одредени забелешки коишто мораше да се отстранат, по што е извршена корекција и е повторно испратено до нив за согласно, изјави раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

Општината ја добила потребната согласност од Министерството за внатрешни работи за измена на сообраќајниот режим.

-Проектот ќе биде аплициран во е системот, градежни дозволи и ќе следува одобрение и негова реализација, изјави Сларидис Јаневска.

Реконструкцијата ќе опфати замена на подлогата, на урбаната опрема канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, акцент ќе се стави на спомениците. Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да се добие целина со зоната на малиот плоштад.

Тендерот за спроведување на градежните активности е во тек. Според анкетата, 75 проценти од кумановци се изјаснија за пешачка зона во овој централен дел на Куманово.

МИА

Loading...