НАТО ги планира најголемите воени вежби по Студената војна

Сподели со своите пријатели

Членките на НАТО планираат следната година да ги одржат најголемите воени вежби од Студената војна, објави порталот „Фајненшл тајмс“.

Loading...

„НАТО се подготвува следната година да ги одржи најголемите вежби од Студената војна, со учество на заедничката команда, собирајќи повеќе од 40.000 војници за да вежбаат одбивање руски напад врз една од членките на Алијансата“, пишува изданието.

Во написот се посочува дека вежбите ќе се одржуваат под името „Steadfast Defender“ и треба да започнат следната пролет на територијата на Германија, Полска и балтичките земји.

Планирано е во рамките на овие вежби да бидат изведени од 500 до 700 воздушни борбени задачи, а ќе учествуваат повеќе од 50 бродови и околу 41 илјада војници.

Се очекува на вежбите да учествува и Шведска, чие барање за влез во НАТО сè уште не е конечно одобрено од Турција или Унгарија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека никој не сака конфликт меѓу Русија и НАТО. Но, ако некој сака, ние сме подготвени, рече тој.