Гром усмрти десет лица во Индија

Сподели со своите пријатели

Најмалку десет лица загинаа како резултат на удар на гром во сојузната држава Одиша во Индија.

Loading...

Одиша ја зафати невреме пропратено со грмежи, а најтешка е состојбата во областа Курдистан, каде гром усмрти четворица, а тешко повреди три лица.

Уште две лица загинаа како последица на невремето во Болангсир, а по едно во Ангул, Буду, Јагатсингпур и Денканал.

Индискиот метеоролошки оддел предупреди дека тие региони може да очекуваат слични временски услови во следните четири дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр