Викенд прогноза за Куманово: Топли септемвриски денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд.

Loading...

Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 28 степени степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 200.000 денари, земал брз кредит за биткоин

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

 

 

Loading...

Недела носи сончево до умерено облачно, но топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад, а температурата ќе биде во интервал од минимални 16 до максимални 31 степен целзиусов.

 

 

Од понеделник се очекува благ пад на температурите.

Никола Ивановски