Зеленски: Подготвуваме големи работи за Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите на Украина подготвуваат големи работи за таа земја, што, како што рече, ќе ја зајакне земјата и нејзините воини.

Loading...

„Тоа е главната задача. Оружје за нашите воини. Нови можности за нашата одбрана. Нови пакети за поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање објавено на веб-страницата на претседателството.

Тој додаде дека украинските власти прават се за пред Денот на независноста, 24 август, да кажат дека е направен уште еден чекор кон кругот на најсилните држави во светот.

„Нашиот тим во моментов работи особено интензивно. Ќе слушнете нови вести за Украина. Ги подготвуваме со нашите соседи во Европската унија и оние региони на Европа каде соработката со државите не беше доволна“, изјави украинскиот претседател, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја би можела да ја зголеми поддршката за Украина поради помошта на Северна Кореја за Русија

Тој посочи дека Украина постигна важни дипломатски успеси оваа недела, како што е тоа што 18 земји досега се приклучија на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Зеленски додаде дека се прават напори Украина да биде подготвена за отворање на преговорите за членство во Европската унија оваа година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.