Матеј Митевски од Куманово меѓу најдобрите матуранти во државата

Сподели со своите пријатели

Матеј Митевски од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ е најдобар матурант во Македонија, објави Државниот испитен центар.

Loading...

Според податоците што ги објави Мета.мк повикувајќи се на ДИЦ, Митевски бил најдобриот матурант по предметот македонски јазик и литература.

Тој е единствен ученик од Куманово кој се најде меѓу првите шест најдобри матуранти во целата држава.

Освен Митевски, меѓу најдобрите шест се и Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, Едон Адеми од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, Чигдем Муарем од приватното училиште „Јахја Кемал“ во Струга, Ѓулен Јагмур од меѓународното училиште „Мариф“ од Тетово, како и Огнен Јосифовски од скопската гимназија „Орце Николов“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Никола Ивановски