Три лица се повредени, од кои двајца малолетници, откако возилото со кое управувал 25-годишен возач излетало од патот во кумановско Проевце.
Loading...
– Денеска (12.08.2023) во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с.Проевце, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски