Нема надеж дека е жив екипажот на австралискиот хеликоптер кој се урна во океанот

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Австралија денеска изјави дека нема надеж дека четиричлениот екипаж на воениот хеликоптер, кој се урна во океанот во близина на државата Квинсленд, преживеал.

Loading...

Хеликоптерот MRH-90, кој учествуваше во заедничката австралиско-американска воена вежба, во петокот вечерта се урна во океанот кај островот Хамилтон, околу 890 километри северно од Бризбејн, јавува Ројтерс.

„Имаше катастрофален инцидент и со секој нов час што минува, станува се појасно дека нема надеж дека екипажот на хеликоптерот ќе биде пронајден“, рече министерот за одбрана Ричард Марлс за време на брифингот за медиумите.

Тој потврди дека стотици луѓе учествуваат во спасувачката операција при која беа пронајдени делови од остатоците од хеликоптерот.

Австралиската ескадрила од хеликоптери MRH-90 е приземјена во очекување на истрага за несреќата, рече Марлс.