Нов влажен бран ќе ја зафати Македонија од денес

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, под влијание на влажен бран попладне и во текот на ноќта ‘ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Куманово и околината за денес најавени се врнежи од дожд и претежно облачно време со максимална дневна температура од 13 степени. Во текот на ноќта ќе подолжи врнежливото време, но ќе има намалување на температурната вредност на пет степени целзиусови.

Под влијание на влажен бран  и утре  ќе има врнежи од дожд, особено претпладнето. На  повеќе места се очекува врнежите да бидат пообилни, односно да наврнат над 20 л/м2. Во петок и сабота времето ќе биде претежно стабилно, а од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.