Боксерот Реџеп Реџеповски стана нов член на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Боксерот Реџеп Реџеповски од денеска официјално е нов член на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Ова следува откако претходно од коалицијата „За наше Куманово“ оставка си поднесе советникот Бетим Хајдари.

– Верификационата комисија на Советот на Општина Куманово во состав Лидија Костиќ и Дритон Сулејмани го разгледа уверението на избраниот советник Реџеп Реџеповски од советничката група избирачи Ивана Ѓорѓиевска издадено од Општинската изборна комисија и утврди дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за негов избор. Врз основа на тоа верификационата комисија му предлага на советот на општина куманово да го усвои овој извештај и да изврши верификација на неговиот мандат, рече советничката Костиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

Едногласно беше усвоена одлуката Реџеповски да биде нов член на Советот, кој рече дека ќе работи законски и ќе го штити уставниот поредок.

– Јас Реџеп Реџеповски, свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, порписите на Советот и ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија, рече познатиот боксер.

Инаку Реџеп Реџеповски е еден од најпознатите македонски боксери кој во 1984 година освои сребрен медал во бокс претставувајќи ја тогашна Југославија на Олимписките игри во Калифорнија.

Никола Ивановски