Адмирал Радакин: Русија изгуби речиси половина од својата борбена ефикасност

Сподели со своите пријатели

Висок британски одбранбен претставник изјави дека Русија „изгубила речиси половина“ од својата борбена ефикасност по инвазијата на Украина, пренесува Ал Џезира.

Loading...

Адмиралот Сер Тони Радакин, командант на британските вооружени сили и главен воен советник на британскиот премиер Риши Сунак, во коментарите пред парламентарното сослушување рече дека Русија сега е „толку слаба“ што повеќе не може да изврши сопствен воен контранапад.

Американскиот портал „Бизнис инсајдер“, повикувајќи се на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ пренесува дека Радакин изјавил дека Русија лани истрелала 10 милиони артилериски гранати, но дека во најдобар случај може да произведе еден милион гранати годишно.

Изгуби 2.500 тенкови, додека во најдобар случај може да произведе 200 нови тенкови годишно.

Тој додаде дека стратегијата на Украина за „гладнување, растегнување и напад“ постепено ја поткопува руската одбрана, но призна дека руските мини, како и слабата украинска противвоздушна одбрана и недостигот од потребна опрема, влијаеле на операциите.

Business Insider забележува дека тврдењата на Радакин за руските борбени загуби во Украина се приближно во согласност со претходните извештаи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.