Во железничка несреќа во Тунис две лица загинаа, а 30 се повредени, јавува Ројтерс повикувајќи се на известувањето на локалните медиуми.
Loading...
Несреќата се случила во вторникот вечерта, кога воз на релација меѓу тунискиот крајбрежен град Сфакс и главниот град на Тунис излетал од шините, јави Радио Тунис.
Според соопштението на здравствените власти, во несреќата загинале машиновозачот и неговиот помошник.