Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.

Адвокатите на Трамп рекоа пред федералниот суд на Менхетен дека делот од отштета од 2 милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е „претеран“, бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква ментална повреда, според Асошиетед прес.

Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е „заснована на чиста шпекулација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп предложи „Трампова дивиденда“: 5.000 долари за возрасни Американци ако републиканците победат на изборите

Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.

Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како „лажни“.