Министрите на земјите од БРИКС повикаа на ребаланс на глобалниот поредок

Сподели со своите пријатели

Учесниците на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата БРИКС во Јужна Африка повикаа на ребаланс на глобалниот поредок.

Loading...

Јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор рече дека визијата на групата е да обезбеди глобално лидерство во свет расцепен од геополитички тензии, нееднаквост и глобална несигурност.

БРИКС е акроним за Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Наводите за руски воени злосторства во Украина ги заматија разговорите.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин по овие обвиненија и, како член на судот, Јужна Африка ќе биде обврзана да го уапси доколку учествува на самитот закажан за Јоханесбург во август. потсетува Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија во страв од враќањето на Асма ал Асад, се бара забрана за влез

Некои го гледаат БРИКС како алтернатива на групата Г7 на развиени земји, која минатиот месец го одржа својот годишен самит во јапонскиот град Хирошима, а на кој присуствуваа и лидерите на Бразил и Индија. Членовите на Г7 беа многу критични кон Русија и Кина.

Земјите од БРИКС имаат вкупно повеќе од 3,2 милијарди жители, што сочинува околу 40 отсто од околу 8 милијарди луѓе во светот.

Во првиот од двата дена разговори во Кејп Таун, индискиот министер за надворешни работи Сабрахмањам Џаишанкар рече дека собирот мора да „испрати силна порака дека светот е мултиполарен, дека се враќа во рамнотежа и дека старите начини не можат да ги решат новите ситуации“, објави Кликс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џихадистите запалија елка во Сирија: Гневните христијани излегоа на улица со пушки и крстови