Ѓурѓовденски средби во Старо Нагоричане: Песни, ора и бик на ражен за 4000 посетители (видео)

Сподели со своите пријатели

Во селото Старо Нагоричане, вчеравечер се одржа традиционалното народно дружење ”Ѓурѓовденски средби 2015”, манифестација која се организира во чест на верскиот празник Ѓурѓовден, воедно селска слава на селото по кое општината го носи и своето име.

Loading...

Манифестацијата ”Ѓурѓовденски средби 2015” е поддржана од Министерството за култура, а организирана од општината и Српската заедница во Република Македонија.

 

[huge_it_gallery id=”30″]

 

Вечерашнава манифестација се организира по повод славата на селото Старо Нагоричане, Ѓурѓовден, вели градоначалникот Милован Трајковски.

– Славата Свети Ѓорѓи традиционално се слави скоро 200 години. Зад мене ја гледате и црквата Свети Ѓорѓи. Значи сите слават во Старо Нагоричане. Во време кога јас бев дете, тука имаше собори, традиционални за нашето село. Долги години немаше, но по иницијативата на месната заедница Старо Нагоричане и со помош на општината, оваа манифестација се возобновува, само не на ден Свети Ѓорѓи, туку на 5 мај во очи на празникот . Целото село слави, гостите доаѓаат. По возобновување на прославата во 2010 година, се пече и бик. Вечерва, 350 млади изведувачи ќе ја направат прославата уште поубава. Вечерва очекуваме да имаме 3-4 илјади посетители. Има гости од страна, иако најчесто се од општината, односно од сите села во општината, затоа што нешто вакво ретко се случува. Се надевам дека ова во иднина ќе биде традиција и со поголем квалитет, истакна Трајковски.

По повод свеченоста, Српската заедница подготви и настап на КУД ”Српски вез”, КУД ”Карпош”, но и настап на културно – уметничко друштво од Бор, Србија кои беа гости на вчерашната народна прослава, вели Далибор Китановиќ, директор на КУД ”Српски вез”.

Loading...

На вчерашните средби, освен богата културно – уметничка програма, за сите присутни гости се сервираше и бик на ражен, деликатес кој ретко кој знае да го подготви, вели Петар Дикчиќ, мајстор во спремање на ваков вид јадење.

Ѓурѓовденските средби траеа до доцна во ноќта, со многу песни и ора на локалното население и гостите од Србија кои по тој повод го посетија селото Старо Нагоричане.

Leave a Reply