Во неделата во Турција се одржаа претседателски и парламентарни избори, а извесно е дека во вториот круг одат Реџеп Таип Едроган и Кемал Киличдароглу.
Бројките покажуваат дека Ердоган се покажа доста добро во најпогодените региони од разорниот земјотрес.
Врз основа на 99,38 отсто преброени гласови, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,42 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу 44,95 отсто.
Победникот на изборите ќе биде познат во вториот круг на 28 мај.
Двата земјотреси што ја уништија јужна Турција на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе, беа едно од главните прашања во предизборната кампања.
Ердоган беше критикуван за бавната реакција на земјотресите, лошата градба и сместувањето на жртвите по земјотресот.
Турскиот претседател во деновите по земјотресот изјави дека одговорот на тимовите за пребарување и спасување не бил толку брз како што можеше да биде.
Владата рече дека повеќето од срушените згради биле изградени пред да стапат на сила новите прописи за градење.
И покрај тоа, резултатите во регионите кои беа најпогодени од земјотресот покажуваат дека населението силно го поддржало Ердоган, што може да биде и показател за задоволство од реакцијата на владата.
Како што може да се види на картата, Ердоган победи во регионите Каханмарас, Малатија, Газиантеп и Адијаман.
Неговиот противник Киличдароглу победи само во два региони погодени од земјотресите – Хатај и Адани.
Киличдароглу доби повеќе гласови само во провинцијата Хатај, но предноста е речиси занемарлива.
Ердоган освои 48,03 отсто од гласовите во оваа покраина, каде што загинаа најмногу луѓе, а Киличдароглу 48,07 отсто. Разликата во корист на Киличдраоглу беше само 368 гласа.
Во главниот град на провинцијата Антакија, кој беше речиси уништен од земјотресот, Ердоган освои 53,9 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат 42,56 отсто.
Во останатите провинции уништени од земјотресот, Ердоган извојува убедливи победи.
Во Кахраманмараш Ердоган освои 71,88 отсто, а Киличдароглу 22,2. Во Адијаман Ердоган освои 66,2 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат 31,24 отсто.
Голема разлика имаше и во Газиантеп. Во оваа покраина Ердоган освои 59,76 отсто, а Киличдароглу 34,65 отсто од гласовите.
Во провинцијата Малатија, друга тешко погодена област, Ердоган освои дури 69,39 отсто од гласовите.
Политичките партии – вклучително и АК партијата на Ердоган – општините и невладините организации им помогнаа на гласачите да се вратат дома во регионите погодени од земјотресот за да гласаат од нивните стари регистрирани адреси, обезбедувајќи бесплатен превоз.