Северноамериканската воздушна команда (НОРАД) објави дека пресретнала шест руски авиони во близина на Алјаска.
НОРАД изјави дека „откри, следеше, идентификуваше и пресретна шест руски авиони во близина на зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (АДИЗ).
– Руските авиони останаа во меѓународниот простор и не влегоа во американскиот или канадскиот воздушен простор. Тие летови се реализираа за време на планираната голема вежба на Армијата на САД во Алјаска – се додава во соопштението НОРАД.
Меѓу руските авиони, се посочува, биле бомбардери Ту-95, танкери Ил-78 и ловци Су-35.
„Руските активности како оваа се случуваат редовно“
НОРАД вели дека руските активности како оваа „се случуваат редовно“ и „не се сметаат за закана“, објави Фокс њуз.
НОРАД проценува дека просечно од шест до седум вакви прелетувања на руски авиони се случуваат секоја година во околината на АДИЗ.